Српски медиуми кои ги поддржуваат српските власти почнаа напад на Македонија и на шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски.
Причината е непозната а поводот за жестокиот напад врз Македонија е изјава на Муцунски, во која тој ја поддржа позицијата на американскиот претседател Доналд Трамп за нападот врз Венецуела и приведувањето на венецуелскиот лидер Николас Мадуро.
Во Белград не им им се допаѓа што Муцунски го пофали американскиот државен секретар Марко Рубио за борбата против нарко-криминалните мрежи поврзани со режимот во Каракас.
Муцунски објави дека Македонија стои на страната на САД и на венецуелскиот народ во борбата за слобода и демократија.
За српските медиуми блиски на офоцијален Белград Муцунски искажал „слепа послушност“ кон Вашингтон и Брисел, а Македонија ја обвинувааат за игнорирање на принципите на државен суверенитет и меѓународното право.
Во написите се тврди дека Македонија безрезервно ги следи политиките на западните центри на моќ и дека во конкретниот случај американската интервенција се третира како легитимна, и покрај, според нив, спорниот начин на нејзино спроведување.
Медиумите користат жестоки навреди. На пример белградскиот сајт Информер македонскиот министер за надворешни работи во насловот го нарекува “северномакедонски бедник”, а Македонија “банана држава”.
