Конфликтот во Украина трае веќе 56 дена, а српскиот новинар Даниел Симиќ се јави од Мариупол и ја опиша ситуацијата во воената зона.
-Постојано се слушаат експлозии. Во Мариупол ситуацијата е тешка, цивилните власти не прават никакви стратешки потези. Сцените се апокалиптични. Видов многу загинати луѓе низ улиците, открва тој.
Даниел вели дека телата на загинатите се собирале во вреќи, а ситуацијата за останатите цивили е тешка. Тој се приближил и до фабриката „Азовстал“, каде што постојано се слушале пукотници.