Станува збор за одлука што ја најави градоначалникот на Охрид Константин Георгиески за време на неговата посета на Белград, а како благодарност до Република Србија за поддршката на државата во процесот на имунизација на македонските граѓани против Ковид-19.
Согласно одлуката, сите туристи што во Охрид ќе пристигнат со сопствени возила, а се со регистарски таблички од Србија односно Турција нема да плаќаат паркирање на јавните површини и паркиралишта во градот со кои стопанисува ЈП „Билјанини извори“. За туристите од Србија претходно беше најавено дека ќе бидат ослободени и од наплата на влез во повеќе културно-историски локалитети и објекти во Охрид.
На вчерашната седница Советот уште ја разгледа и усвои информацијата за оценката на перформансите на јавните расходи и финансиската одговорност на Општина Охрид, а следеа и одлуки за статутарна измена на Статутот на ООУ „Св. Климент Охридски“, за продолжување на работното време на угостителските објекти, како и одлука за измена на годишниот план за вработување на Општина Охрид.