Женската одбојкарска репрезентација на Србија ја освои титулата светски шампион, откако синоќа во Апелдрон, ја победија селекцијата на Бразил со убедливи 3:0, по сетови 26:24, 25:22 и 25:17.

За Србија ова е втор трофеј на Мундијалите, додека Бразил остана без титулата и по четвртото свое финале.

Светското првенство за одбојкарки се играше од од 23 септември до 15 октомври во Полска и Холандија со учество на 24 репрезентации.

Во мечот за третото место, Италија исто така во три сета ја совлада селекцијата на САД (25:20, 25:15 и 27:25).