На протестот што денеска се одржа во Звечан, град на северот на Косово, пред зградата на општинската администрација, толпата развиори српското знаме долго околу 300 метри.
Срѓан Милосављевиќ, поранешниот претседател на Советот на општина Звечан, на граѓаните им порача дека ова е мирен протест.
Нашата волја за живот е голема. Поголема од нивната волја за наше уништување. Нашите барања се повлекување на специјалните сили на косовската полиција од општините на северот на Косово, новиот градоначалник да не доаѓа во општините, да се ослободат нашите неправедно уапсени граѓани“, рече Милосављевиќ.
Тој рече дека имаат информации дека адвокатите се на терен и дека чекаат повратна информација дали ќе бидат ослободени.
„Ве повикувам овој собир да го поминеме во мир, бидејќи ние сме познати како мирен народ“ – рече Милосављевиќ