Сојузот останува отворен за натамошна соработка и потенцира дека стимулирачките мерки ќе дадат подобар резултат.
-Нашиот став е дека правото на вакцинација која не е задолжителна е лично право на избор и не треба да се ограничува. Сметаме дека многу подобар ефект наместо со репресивни ќе се постигне со стимулирачки мерки и навремено обезбедување на повеќе видови вакцини и релевантни информации за нивната безбедност, наведува ССК.
-Заштитата на здравјето на граѓаните е највисок приоритет во услови на пандемија и може да се постигне со сеопфатни, интегрирани и добро испланирани мерки како и со континуирано унапредување на квалитетот на здравствената заштита. Сојузот на стопански комори речиси овие две години од почетокот на пандемијата дава активен продонес преку постојано следење на мерките и доставување на свои конструктивни предлози и мислења во насока на нивно унапредување се со цел заштита на здравјето и намалување на штетните последици во економијата, додаваат тие.