Градоначалничката Арсовска и понатаму останува глува и недостапна за преставниците на работниците, знаејќи дека в.д директорот на ЈП водовод и канализација- Скопје, е лице осудувано со правосилни судски пресуди за кривични дела, затворска казна и дијагноза од неуро психијатар: Мешано анксиозно и депресивно растројство – (со конфликтна состојба на работа,напнат, вознемирен, со лоши мисли), се вели во Фејсбук статусот на Сојузот на синдикати на Македонија.
-Од денес што и да се случи во ЈП- Водовод и канализација-Скопје, вината и одговорноста ќе биде на градоначалничката Данела Арсовска! Од овие причини репрезентативниот синдикат за комунални дејности СУТКОЗ при ССМ , бара итна и неодложна седница на градот Скопје, а од советниците помош и заштита од оваа сериозна состојба во која се наоѓа ова јавно претпријатие. Со назначувањето на лицето Маријанчо Митевски кој во ниту еден случај неможе да биде на ваква одговорна функција на ова претпријатие од витално значење кое го снабдува градот со вода, знаејќи ја неговата дијагноза и кривичните дела кој ги сторил, а кои во текот на вчерашната негова пресконференција не ги негираше и ги потврди како вистини. Затоа, уште денес писмено му се обраќаме и го повикуваме претседавачот на Советот г. Трајко Славевски да свика итна седница на Советот на градот Скопје и да обезбеди присуство на градоначалничката Данела Арсовска како и присуство на сите советници. Претседателството на СУТКОЗ денес во 13 часот одржува седница на која со сигурност ќе биде потврдена Одлуката за штрајк во ЈП Водовод и канализација – Скопје, а уште утре навремено ќе бидат известени Министерството за труд и социјална политика за определеување лиценциран помирувач согласно Законот за мирно решевање на работните спорови, а Писмено предупредување ќе биде доставено до Управниот одбор и в.д директорот на ЈП Водовод и канализација Скопје, Советот на Град Скопје и Градоначалничката Данела Арсовска, истакнуваат од синдикатот.