По дождливите денови следи суво и претежно сончево време
По деновите со дожд и облаци, Македонија влегува во стабилен период со суво и претежно сончево време. Метеоролозите од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека во следните денови времето ќе биде мирно, без врнежи, со студени утра и пријатни дневни температури.
Од утре, утринските температури на повеќе места ќе се спуштат под нулата, особено во котлините, каде што ќе има и појава на магла. Денеска попладне врнежите целосно ќе престанат, а облачноста постепено ќе се намалува.
Во западните предели ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец, додека во источните краишта ќе биде со променлив интензитет.
Температурите постепено ќе растат, утрата ќе бидат студени, особено во планинските региони и на исток, каде што се очекуваат околу 0 °C, а дневните ќе достигнуваат од 18 до 21 степен. За време на викендот најтопло ќе биде во Скопската Котлина, Пелагонија и југоисточниот дел од земјата, каде што термометрите ќе покажат и до 21 °C.
