Тој напомена дека за стабилната хидролошка состојба на езерото заслужни се пред се подземните извори кои го напојуваат Осломејското езеро и колкав што е губитокот на вода од испарување, толку и се слева во езерото од подземните извори.

-Осломејското езеро е едно од ретките во земјава со стабилен водостој. За наша среќа езерските води не се користат за наводнување на земјоделски површини или за производство на електрична енергија, што е од исклучителна важност за неговиот стабилен водостој, додаде Елези.

Посочи дека стабилниот водостој и богатата езерска вегетација овозможуваат езерото да биде богато со риба и со значително побрз прираст

– Стабилниот, водостој без речиси никакви осцилации и богатата вегетација во езерото, придонесуваат рибниот фонд забрзано да се зголемува а прирастот на рибите што вегетираат во ова езеро да е многу побрз споредено со слични акумулации во земјава, што е вистински благодет за рибниот фонд во езерото, рече Елези,кој речиси секојдневно е присутен крај езерските води.

Тој најави дека на депресијата создадена на поранешниот коп од рудникот за јаглен Осломеј запад наскоро ќе се создаде уште една езерска акумулација со слична големина, со што на потег од околу 3-4 километри ќе има две вештачки езера, што ќе биде нов квалитет на овој регион за развој на спортскиот риболов.