Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 9 степени.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) и во наредните денови продолжува периодот на стабилно и суво време со пораст на температурите, кои во првата половина од следната седмица ќе бидат над просекот за овој период од годината.