Народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Кисела Вода се обрати кандидатот за градоначалник на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.
-Кисела Вода секогаш била симбол на моќ, верност и љубов кон својот дом и татковината. Ова не е обична кампања туку клучен перид кога одлуката што ја носиме ќе значи продолжување на започнатите промени, да продолжиме со раст и развој, со визија и иднина на нашата општина. Сега е нашето време. На генерацијата вредни и цесни политичари кои се подготвени за работа и решенија на проблемите и предизвиците што престојат. Ова е време на посветени луѓе кои не се откажуваат, но затоа пак се подготвени на одговорност и отчетност пред граѓаните, рече Стаменкоска Трајкоска.
Таа потенцира дека промените се гледаат и дека ние ги чуствуваме.
-Изминатите 4 години во Кисела Вода се работеше за народот, а не за личните интереси. Кисела Вода станува општина каде што се живее убаво, не само во урбаните места туку со секое маало, во секој дом. Се направи многу, но секогаш може уште повеќе. Ние знаеме како и решени сме да продолжиме. Затоа заедно со поддршка од Владата и премиерот Мицкоски, со идниот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски да продолжиме да ја градиме Кисела Вода, рече Стаменкоска Трајкоска.