Спортот и образованието се клучни во развојот на младите, порача Бети Стаменкоска Трајкоска
Во Општина Кисела Вода се одржа кафе дружба и инспиративен разговор. На средбата спортот и образованието беа истакнати како темелни столбови за иднината на младите. На средбата присуствуваа претставници од спортските клубови, како и Елена Мицковска, претседател на Сојузот за училишен спорт на Република Македонија.
Пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска потенцираше дека младите преку спортот не само што ја подобруваат физичката подготвеност, туку учат и за дисциплина и тимска работа.
„Преку училишните спортски активности децата не само што ја развиваат својата физичка подготвеност, туку учат за дисциплина и тимска работа. Токму затоа ваквите иницијативи се пример како можеме да создаваме генерации што ќе бидат образовани, здрави и мотивирани за успеси во животот,“ изјави Стаменкоска Трајкоска.
Учесниците на средбата заклучија дека вакви иницијативи треба да продолжат и да се поддржуваат. Тие ја зацврстуваат врската меѓу развојот на младите и здравото општество.