Факт е дека се почувствував  навредена, а исто така ме навреди и реакцијата на колешките пратенички кои го слушнаа тоа и не реагираа, изјави пратеничката Бети Стаменковска Трајковска во емисијата „Еспресо со Златев и Боцевски“ на Радио Лидер.

„Значи телефонски ми се јави Ковачевски  да ми се извини на Прочка , го искористи моментот со празникот, но ме убедуваше дека погрешно сум го разбрала , но благодарение на техниката која денес постои верувајте ми,  сум многу благодарна на Богдан Илиевски што е изчистен звукот баш таму кога го користи тој погрден збор и јавноста нека му суди. Никогаш не би простила, но христијански е да простуваме, но навредата е толку голема, изјави Бети Стаменковска Трајковска.

Јас верувам и сакам да бидам искрена и чесна и тоа е она што ни го дава мирот во душата на сите и да се користи еден таков христијански празник за такво нешто за кое што ја бараш прочката, а пак велиш погрешно си разбрала , а знам  како сум разбрала  и јавноста може да види, звукот е исчистен. Не е само Хелсиншки кои што молчат за оваа ситуација , молчат и многумина други кои што требаше да ја осудат таа работа. Имаме ние многу невладини и инстуитуции, а и неговата партија има Форум на жени, вели  Стаменковска Трајковска.

Селективноста на државата ние до тој степен отидена што јас не может ова да го наречем демократско општество, вели таа.