Ми причинува задоволство што посетителите ја препознаа работата на тимот од Зоо Скопје, ја подигнавме хигиената и работиме посветено и сплотено на новите проекти. Креиравме подобро место за работа на персоналот и подобри услови за животните, напиша на Фејсбук директорот на Зоолошката градина во Скопје, Кристијан Стаменов.