Целта на истрагата за нападот врз косовската полиција минатиот месец е да се добие јасна слика за тоа што се случи, кои беа учесниците во него и кој го оркестрирал, по што ЕУ ќе донесе одлука за следниот чекор во нејзиниот пристап кон Србија.
Косово, дијалогот и регионот, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.
-Има многу начини како да се придонесе во истрагата, бидејќи тоа што се случи на 24 септември е многу сериозно и мора целосно да се истражи, изјави Стано, додавајќи дека ЕУ очекува целосна и безусловна соработка од страна на Србија во истрагата.
Тој истакна дека пораката од ЕУ и од целата меѓународна заедница до Србија и до Косово е да се вратат на дијалогот, бидејќи тоа е единствениот начин за нормализација на нивните меѓусебни односи.
-Јасната порака до двете страни е: вратете се на дијалогот. Ако не се вратите на дијалогот, нема да најдете решение. Втора важна порака е да се работи на деескалација, додаде Стано.