Годишната инфлација во Македонија во јули 2026 година изнесува 2,3 проценти, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС). Во споредба со јули минатата година, индексот на трошоците на животот е повисок за 2,3 проценти, додека индексот на цените на мало е зголемен за 1,8 проценти.
Во однос на претходниот месец, инфлацијата изнесува 0,1 процент, што укажува на минимален месечен раст на трошоците на животот.
Во споредба со јуни, најголем пораст на цените е забележан кај транспортот, за 4,4 проценти, следуваат рекреацијата, спортот и културата со 2,6 проценти, домувањето, водата, електричната енергија, гасот и другите горива со 0,9 проценти, како и рестораните и услугите за сместување со 0,7 проценти. Благ пораст има и кај услугите за образование, како и кај алкохолните пијалаци и тутунот.
Од друга страна, намалување на трошоците на животот е регистрирано кај покуќнината и одржувањето на домаќинствата за 1,4 проценти, храната и безалкохолните пијалаци за 1,1 процент, облеката и обувките за 0,2 проценти, како и кај информациите и комуникациите и здравствената заштита за 0,1 процент.
Во споредба со јуни, кога годишната инфлација изнесуваше 3,4 проценти, јулските податоци покажуваат забавување на растот на цените.
