Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2022 година, активното население во Република Северна Македонија изнесува 808 328 лица, од кои вработени се 693 062, а 115 266 лица се невработени.
Стапката на активност во овој период е 55.2, стапката на вработеност 47.3, а стапката на невработеност изнесува 14.3 проценти.