Стара измама – нова жртва. Осумдесет и тригодишна тетовчанка пријавила во полиција дека била измамена за 2.000 евра преку телефонска измама
Стара измама – нова жртва. На 20.08.2025 година во 12:40 часот во СВР Тетово, 83-годишна жителка пријавила дека станала жртва на измама и изгубила 2.000 евра.
Според пријавата, лицето ѝ се јавило телефонски и ја информирало дека нејзината ќерка наводно предизвикала сообраќајна несреќа во Скопје. Во наводната несреќа, како што ѝ било кажано, загинал малолетник. Лицето понатаму рекло дека ако сака нејзината ќерка да не оди во затвор, треба да донесе пари во Скопје.
Жената ги однела парите на договореното место, а подоцна, откако стапила во контакт со својот зет, сфатила дека била измамена.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.