Ана Чупеска како продолжена рака на старите удбашки структури и политичките лојалности

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, преку објава на социјалната мрежа Фејсбук, ја поврза Ана Чупеска со старите удбашки структури. Тој напиша дека таа е производ на Фрчкоски и старите удбашки структури кои го следеле и прогонувале политичкиот опонентски ВМРО-ДПМНЕ. Милошоски посочува дека Чупеска денес дава лекции за демократија, иако е дел од истата матрица што го држеше општеството во корупција и притисок.

Тој истакна дека нема поголема иронија од потпретседателката на партијата, која седум години ја претвори државата во приватен имот на кланот Заеви и нивните соработници, да зборува за „узурпација“.

Милошоски потсети дека во времето на СДСМ, Министерството за внатрешни работи функционирало како сервис на криминални структури блиски до власта. Началниците биле партиски извршители кои вршеле притисок врз неистомисленици и фалсификувале пасоши за светски нарко босови.

Тој посочи дека денес, кога се воспоставува ред и се расчистува со остатоците од минатото, на Чупеска и СДСМ им пречи што нема повеќе простор за тајните договори и злоупотреби.

За „режимот“, Милошоски рече дека режим имало кога Чупеска со своите ментори ја газела волјата на народот, ја злоупотребувала полицијата и ги богателе своите кланови. Тој истакна дека тоа време завршило.

Пратеникот ги потсети граѓаните и на трагедијата кога во модуларната болница загинаа луѓе, а најблиските соработници на Чупеска го разнебитувале системот.

Милошоски им порача на Чупеска и нејзините политички покровители наместо да даваат лекции, да објаснат како тие ја втурнале државата во национални порази и економски грабежи. Тој предупреди дека ниту користењето на терминот „режим“, ниту „Шарената револуција“ ќе го сокријат расколот во СДСМ поради лојалноста кон оние кои ги довеле до тоа.