Денеска официјално беше најавена кампањата „0% корупција – Ајде да е вистина!“. Има за цел да ја зголеми јавната свест за потребата од пријавување на корупција. Да ги охрабри граѓаните активно да пријавуваат коруптивни случаи.
Корупцијата, која е присутна во речиси сите пори на нашето секојдневие, ја поткопува довербата во институциите. Ги ограничува можностите за економски развој и ја загрозува правната држава. Во таа насока, кампањата ги повикува и охрабрува граѓаните да не стравуваат и да пријавуваат коруптивни активности. Со што значително ќе придонесат кон искоренување на оваа негативна појава.
Тим лидерот на проектот Дитер Шиндлауер, порача дека борбата против корупцијата е клучен дел од градењето општество засновано на владеење на правото.
Кампањата „0% корупција – Ајде да е вистина“ е насочена кон поттикнување на граѓаните и институциите да застанат против корупцијата. Според тим лидерот на проектот, одржливиот напредок може да се постигне само кога постои меѓусебна доверба, отворена комуникација и заедничка посветеност на транспарентност и одговорност.
Мојца Кузмички, експерт за антикорупција и перење пари, посочи дека главниот фокус на оваа кампања е подигнување на свеста и градењето доверба. За луѓето да можат да ја препознаат корупцијата, да го разберат нејзиното штетно влијание и да се чувствуваат безбедно и охрабрено да преземат акција.
„Денеска не претставуваме само уште една кампања, воведуваме витална иницијатива, која се фокусира на превенција преку подигање на свеста, едукација и активно вклучување на граѓаните во борбата против корупцијата, која не е задача само на една институција. Тоа е споделена одговорност на целото општество. Само преку соработка на граѓаните, органите за спроведување на законот и граѓанското општество можеме да изградиме потранспарентна, поправедна и доверлива држава. Со денешниот настан, отвораме ново поглавје – поглавје во кое секој поединец е дел од решението“, истакна Кузмички која посочи дека постојат конкретни канали за пријавување сомневања за корупција, вклучувајќи ја Полицијата, Царинската управа, Финансиската полиција и други институции.
Според директорот на Бирото за јавна безбедност, корупцијата низ годиниве ја разнишува довербата во институциите и ја загрозува правната држава. Од тие причини, Бирото и Министерството за внатрешни работи даваат максимална поддршка на кампањата „0% корупција – Ајде да е вистина!“.
„Ќе го искористиме целото наше знаење и капацитети и ќе работиме на системите за пријавување корупција, како и за обезбедување заштита и доверливост на лицата што пријавуваат. Наша задача е да создадеме доверба кај граѓаните, да ги охрабриме да бидат дел од решението и да им овозможиме безбедно и ефективно пријавување на коруптивни случаи. Верувам дека ќе обезбедиме ефикасна координација и брза реакција со цел тие да се процесуираат и санкционираат во најкус можен рок. Нашата поддршка на оваа кампања е безрезервна и со јасна намера во насока на зголемување на транспарентноста и одговорноста во институциите, создавајќи средина каде што граѓаните ќе се чувствуваат безбедно и мотивирано да пријавуваат неправилности“, истакна Јанев.
Кампањата е во рамки на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, финансиран од Европската Унија. Како дел од пошироките напори за јакнење на владеењето на правото, транспарентноста и одговорноста во земјата, во соработка со Министерството за внатрешни работи. Што ќе овозможи подобрена координација и ефикасност во процесот на пријавување и гонење на корупцијата.
„0% корупција – Ајде да е вистина!“ ќе се шири преку социјалните медиуми на Проектот и МВР, како и преку медиумите
Организаторите на кампањата посочија дека целта на иницијативата е да се изгради култура на нулта толеранција кон корупцијата. Да се овозможи поддршка на сите кои се одлучуваат да пријават неправилности. Истовремено, таа претставува важен чекор кон транспарентност и чесност и е повик до сите граѓани, институции и организации да се приклучат и да дадат свој придонес во борбата против корупцијата.