Спортската јавност со нетрпение го очекува утрешниот натпревар каде нашата репрезентација ќе се спротивстави на „искусната“ Аргентина. Репрезентацијата на Аргентина го има највозрасниот, а Македонија најмладиот состав според просечната старост на ракометарите на ова Светско првенство.
Затоа утрешниот дуел од 18 часот за влез во втората фаза на СП и селидба од Краков во Катовице ќе биде и пресметка на младост против искуство. Аргентинците во просек се на возраст од 29,9 години, а во македонскиот тим просечната возраст на играчите е 25,2 години.
Натпреварот започнува во 18 часот, а на трибините се очекува македонската фаланга да биде во голема бројка за да ја поддржи нашата репрезентација за пласман во втората фаза на првенството.