Турција стави под контрола 122 од вкупно 129 шумски пожари што беснеат низ целата земја, јави Анадолија.
„Од вкупно 129 пожари во 35 провинции, 122 се ставени под контрола“, напиша на Твитер Фахретин Алтун, шеф на дирекцијата за комуникации на Турција.
Тој додаде дека сите средства на државата се мобилизирани за гаснење на пожарите, кои ја зафатија земјата од средата. Во тек се напори за ставање под контрола на преостанатите жаришта.
Пожари избија во најмалку 35 провинции, вклучително и неколку на турскиот медитерански брег, при што загинаа најмалку осум лица.
Турските власти ги продолжуваат напорите за гаснење на пожарите преку воздушни и копнени операции.