Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против физичко и правно лице за кривично дело „Узурпација на недвижности“. Според обвинението, 47-годишник, кој е сопственик и управител на правното лице, незаконски користел земјиште во државна сопственост, позади Поликлиника Битпазар, како паркинг простор.
Тој поставил рампа и наплатен пункт, наплатувајќи по 50 денари за 90 минути, со што го ограничил и контролирал влезот и излезот од земјиштето. Обвинителот поднесе и предлог за изрекување мерка на претпазливост, со која се забранува користењето на земјиштето.