Лидерот на Алијансата, Арбен Таравари, при гостувањето во студиото на ТВ21 изјави дека се разгледувала можноста да се стави единствена изборна листа за изборите. Лидерот на Алијансата изјави дека тие во моментов се против тоа.

„Бевме на средба со Ахмети и Ковачевски,  Разговаравме за можноста за  една изборна листа и идење заедно на избори. Иако не ја затвораме работата, верувам дека во моментов како партија ни е проблематично да ја имаме ДУИ на Еден список. Ќе направам анализа, ќе се консултирам со членството и следната недела ќе одлучиме дали ќе идеме со СДСМ и со ДУИ на претстојните избори“, изјави Таравари.

Извор: Фактор