Како „многу далечна и скоро невозможна хипотеза“, тој ја дефинираше идејата да биде редовен премиер.

– Нема таков предлог, затоа нема што да се разговара и коментира. Мора да бидеме трпеливи и смирени и да ги оставиме партиите да ја завршат својата работа, изјави Јанев.

Според него, избраните партии добро ја знаат својата одговорност.

– Тоа треба да помине преку гласање во парламентот. Пред тоа, претпоставувам дека треба да поминеме низ многу сериозни преговори, кои ќе бидат првенствено преговори за коалиција што ќе предложи нешто такво, рече Јанев.