Стефанов им честиташе на ракометарите – Македонија покажа карактер

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов, им честиташе на ракометарите за изданието на натпреварот против Португалија, кој заврши со резултат 29-29. Тој ги охрабри избраниците на селекторот Кирил Лазаров да влезат во утрешниот дуел против Романија без притисок.

„Ова реми е еднакво на победа. Да знаете, ги израдувавте сите Македонци во оваа сала, а и целата нација. Храбро, машки и борбено. За жал, немавме среќа на крајот, но покажавме дека имаме карактер, дека можеме да се вратиме од „минус пет“ и дека можеме да играме со селекции кои се во ТОП 5 во светот,“ истакна Стефанов на софицијалните мрежи.

Македонските ракометари утре од 18 часот ќе играат против Романија во рамки на третото коло од Групата Б на Европското првенство.

„Ви честитам и само напред без притисок кон победа против Романија!“, додаде претседателот на РФМ.