Новогодишни пакетчиња за децата со атипичен развој од општина Гази Баба, напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

-Ми беше задоволство да поделам новогодишни пакетчиња на дечињата со атипичен развој од општина Гази Баба. Со цел успешен раст и развој на секое дете, важно е развивање на неговите моторички вештини. Општина Гази Баба втора година по ред во соработка со здружението на граѓани ГА-БА Скопје организира континуирани спортски активности во кои се опфатени сите дечиња од основните училишта во општината. Се изведуваат разновидни вежби, игри и полигони со кои кај децата се развива моториката, моторните вештини, како и прецизност во движењето, точност и рамнотежа, истакна Стефковски.

Како локална самоуправа, но и лично како градоначалник и во иднина цврсто ќе стојам на ставот дека општината мора посветено да работи со цел на секое дете да му обезбеди услови за подобар раст и развој, додава Стефковски.