Градоначалникот на општината Гази Баба преку статус на Фејсбук пишува дека денеска биле доделени грантови за студентите иноватори во општината.

„👍ДОДЕЛЕНИ ГРАНТОВИ ЗА СТУДЕНТИ ИНОВАТОРИ‼️

✌️Денес во рамките на проектот “Предизвик за студенти иноватори” имав одлична можност да ги доделам грантовите за реализација на иновативните проекти на студентите кои студираат на факултетите со седиште во општина Гази Баба.

✅Овој проект општина Гази Баба го реализира со цел поддршка на студентите, но и градење на иновативна култура во рамки на факултетите во општина Гази Баба.

📣Реализацијата на овој проект има три цели:

📍Потикнување на студентите слободно да размислуваат и да наоѓаат креативни решенија за проблемите и прашањата со кои се соочуваат.

📍Да се мотивираат студентите да размислуваат иновативно менувајќи ја нашата локална заедница во различни сегменти на нејзиното функционирање.

📍Да се охрабрат студентите со менторска поддршка на своите професори да ги препознаат своите способности, да ги условршуваат своите вештини и да соработуваат во насока на изнаоѓање на иновативни решенија за потребите на локалната заедница.

🇲🇰Македонија како земја која нема големи извори на природни ресурси, мора да биде силно посветена да напредува врз база на иновациите во образованието“, стои во неговиот пост на Фејсбук.