Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во објава на својата официјална страна на фејсбук информира дека донел решение со кое општина Гази Баба ќе додели финансиска помош за лекувањето на младиот Леонид.
Во објавата градоначалникот Стефковски напиша:
ФИНАНСИСКА ПОМОШ ОД ОПШТИНА ГАЗИ БАБА ЗА ЛЕКУВАЊЕТО НА МЛАДИОТ ЛЕОНИД!
Донесов решение со кое доделуваме финансиска помош за лекувањето на младиот и талентиран Леонид кој по тешка несреќа која се случила пред две недели се соочува со сериозен здравствен предизвик за што неопходна му е нашата помош и поддршка.
Сите заедно да се обединиме во хуманоста и да помогнеме младиот Лео да закрепне.
Ве повикувам сите да се приклучите со донирање преку повик на телефонските броеви:
А1: 143 500
Телеком: 143 118
Да бидеме хумани и да помагаме, бидејќи младиот Леонид заслужува да живее, а секој од нас може да се најде на другата страна од приказната.
Посакувам на младиот Лео брзо оздравување. – напиша Стефковски.