Градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски денеска посети неколку семејства на територија на општината на кои им донираше инвалидски колички.
Грижата кон сите категории на граѓани ја продолживме и ова утро.
Нема поубаво чувство од тоа кога знаеш дека со твоето дело си направил неколку семејства да бидат среќни.
Денешниот работен ден го започнав со посета на неколку семејства кои изминатиот период доставија барање до мене за обезбедување на инвалидска количка.
Наша обврска е да работиме на создавање подобри и поквалитетни услови за граѓаните со телесен инвалидитет со цел нивна полесна интеграција во општеството.
Грижата кон сите категории на граѓани ќе продолжи и во следниот период.
Сите граѓани во мене имаат пријател и сојузник за решавање на проблемите со кои се соочуваат, напиша Стефковски.