Се зголемува динамиката на решавање на предметите за легализација, стои во статусот на официјалната Фејсбук страница на градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

Тој информираше дека администрацијата е задолжена во наредниот период да ги извести граѓаните за комплетирање на документацијата во предметите, а потоа во најкраток рок да изготви пресметка и решение за легализација.