Бобан Стефковски, новиот градоначалник на општина Гази Баба преку фејсбук статус го честиташе 3 Ноември, Денот на Општина Гази Баба.
– Дозволете ми како Градоначалник на општина Гази Баба да Ви го честитам 3 Ноември, Денот на Општина Гази Баба, нашата општина, нашиот дом. Денешниот јубилеј, 45 години од постоењето на Општина Гази Баба го посветувам на Вас, на граѓаните на Општина Гази Баба, на решавањето на вашите проблеми, стои во неговата објава.
Тој им порача на сите жители на општина Гази Баба дека разликата ќе ја видат за некое време од денес.
– За тоа го имате мојот збор! Нека е честит 3 Ноември, Денот на Општина Гази Баба, додаде тој.