Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски утрово изврши увид на градежните работи за асфалтирање на краци од улица Сава Михајлов во Ченто.
-Асфалтирањето на овие краци од улицата Сава Михајлов произлезе од барањето на граѓаните на една од средбите кои ги имав во ова населено место. Посебно сум горд што при увидот на градежните активности имам можност да сретнам среќни граѓани кои искажуваат задоволство од проектите кои ги реализираме.
Имаме обврска со нашата работа да ја вратиме надежта кај граѓаните. На дело да докажеме дека политичарите ги реализираат ветувањата дадени за време на изборите.Со денешните градежни активности продолжува историски најголемата акција за асфалтирање на локални улици во општина Гази Баба. Ќе продолжиме и во следните денови во останатите населени места, вели Стефковски.