Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски денес беше во посета на населеното место Раштак каде што започнаа градежните работи за изградба и асфалтирање на улица 1.

За посетата, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

ЗАПОЧНАА ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ЗА ИЗГРАДБА НА УЛИЦА 1 ВО НАСЕЛЕНО МЕСТО РАШТАК.

Денес направив увид на градежните работи за изградба на улица 1 во населеното место Раштак.

Имав можност да го сретнам 75 годишниот чичко Ванчо кој ми кажа дека памети уште од дете како газеле по кал што значи дека по 75 години за прв пат оваа улица добива асфалт.

Оваа година како општина посветивме сериозно внимание на патната инфраструктура преку реконструкција и ревитализација на повеќе од 40 локални улици.

Реализираните проекти и асфалтираните улици на површинаод над 30.000 метри квадратни е доказ за мојата решителност во Гази Баба да нема улици во кал.

Продолжуваме со истото темпо и во следниот период. – напиша Стефковски.