Градоначалникот Бобан Стефковски најави градежна офанзива во Гази Баба

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, вчера го одржа првиот работен состанок за 2025 година.

Преку објава на социјалните мрежи, тој најави историски најголема градежна офанзива во општината, со повеќе капитални проекти кои ќе започнат во блиска иднина.

  • Изградба на нова детска градинка во Инџиково
  • Комплетна реконструкција на Домот за културата во Ченто, по долги години
  • Втората фаза од изградбата на новата детска градинка во Трубарево
  • Воведување нова динамика на изградбата на фекалната канализација во Јурумлери
  • Реализација на последната фаза од фекалната канализација во Гоце Делчев и Чукур маало
  • Асфалтирање на повеќе од 40 локални улици

„Ако денот по утрото се познава, 2025 година ќе биде многу успешна година за општина Гази Баба“, изјави Стефковски.

Градоначалникот истакна дека овие проекти претставуваат само дел од плановите за подобрување на инфраструктурата и квалитетот на живот во општината.