Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во објава на својата официјална страна на фејсбук информира дека ООУ Стив Наумов доби нова енергетски – ефикасна фасада.
ООУ СТИВ НАУМОВ ДОБИ ЕНЕРГЕТСКИ – ЕФИКАСНА ФАСАДА.
Утрово направив посета на ООУ Стив Наумов во Автокоманда каде завршија градежните работи за изградба на енергетски – ефикасна фасада.
Изградбата на фасадата, општина Гази Баба ја реализира во соработка со Аутомакедонија АД Скопје кои ја донираа изградбата на фасадата со што ја покажаа својата општествена одговорност.
Како градоначалник на општина Гази Баба изразувам благодарност до компанијата Аутомакедонија за покажаната општествена – одговорност.
Општина Гази Баба негува партнерски однос со компаниите кои функционираат на територија на нашата општина.
Наша е одговорноста, како локална самоуправа да изнаоѓаме извори на финансирање со цел реализација на нови проекти.
Со срце за нашата Гази Баба! – напиша Стефковски.