Моето срце вечерва е исполнето со радост и среќа, напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
-Вечерва испишавме нова страница од нашата историја. Повеќе од 4000 луѓе го исполнија плоштадот во Автокоманда и заедно го дочекавме Дедо Мраз.Поделивме 3500 новогодишни пакетчиња, секое детенце кое беше вечерва на плоштадот во Автокоманда во својот дом си замина со пакетче. Мојата порака за новата 2024 година до полниот плоштад од каде што се слушаше единствено детскиот џагор беше да имаме добро здравје, многу среќа, мир, благосостојба и сите дечиња, мои мили другарчиња да ги слушаат своите родители, истакна Стефковски.
Да сте ми здрави и живи мои мили другарчиња, додаде Стефковски.