Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денеска беше во посета на ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата-Козле, каде што предаде донација составена од опрема.
– Денеска се одбележува Светскиот ден на здравјето. Во таа чест утрово бев во посета на Јавната здравствена установа – Институт за белодробни заболувања кај децата – Козле каде што општина Гази Баба донира опрема составена од PH метри за потребите на институтот. Среќен сум што токму денес кога го одбележуваме Светскиот ден на здравјето имавме можност да ја предадеме нашата донација и со тоа имавме можност да дадеме наш придонес во подобрувањето на условите за добивање на поквалитетна здравствена заштита за нашите дечиња, изјави Стефковски.
Тој посочи дека донацијата е резултат на реализираната манифестација „Пивтијата“, која имала хуманитарен карактер.
– Општина Гази Баба и во следниот период ќе продолжи со реализација на хуманитарни активности. За нашата хуманост, само небото може да ни биде граница, истакна Стефковски.