Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски вчера се сретна со Здружението на пензионери на Гази Баба.
Искрените поздрави и прегратки од сите нив се тоа што ме прават посебно среќен и горд, бидејќи пензионерите знаат дека во мене секогаш ќе имаат искрен пријател и сојузник во исполнувањето на сите нивни барања и потреби. Општина Гази Баба негува партнерски однос со Здружението на пензионери на Гази Баба. Низ заедничка соработка изминатата година реализиравме бројни активности и настани. И уверен сум, дека таа наша соработка ќе продолжи и во иднина, напиша Стефковски.