Градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски денеска се сретна амбасадорот на Турција во Македонија, Хасан Мехмет Секизќок.
На средбата изразив сочувство во мое име и во името на граѓаните на општина Гази Баба до турскиот народ и турската држава за големиот број на загинати, повредени и големата материјална штета која настана како последица на траорниот земјотрес кој ја погоди Турција. Дополнително на Амбасадорот Н.Е Хасан Мехмет Секизќок му понудивме и други форми на помош кои општина Гази Баба може да ги понуди на турската држава. Општина Гази Баба негува пријателски однос со турскиот народ и тоа ќе продолжи така и во иднина. По средбата со Амбасадорот во резиденцијата, ја посетив Амбасадата на Турција каде што се потпишав во отворената книга на жалост, соопшти Стефковски.