Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, утрово направи хуманитарна посета на Клиниката за Детски болести на која оствари средсба со директорката Аспазија Софијанова.

На средбата градоначалникот Стефковски ја предаде донацијата која се состои во перници и постелини за одделенијата на клиниката.

Донацијата е од собраните средства од реализацијата на манифестацијата „Пивтијада 2022 година“, која се оддржа во општина Гази Баба.

За посетата градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална Фејсбук страна на која напиша:

“ДОНАЦИЈА ЗА КЛИНИКАТА ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ!

Утрово бев во хуманитарна посета на Клиниката за детски болести во Скопје каде на директорката Аспазија Софијанова и ја предадов донацијата која се состои во перници и постелини за потребите на одделите на клиниката.

Донацијата е од собраните средства од оддржаната манифестација Пивтијада 2022 година.

Хуманоста е одлика за општина Гази Баба, тоа ќе продолжи така и во иднина.” – напиша Стефковски.