Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски со објава на својата официјална страна на фејсбук информираше за направениот увид на градежни активности за асфслтирање на улица во Ченто и почетокот на историски најголемата акција за асфалтирање на локални улици во општина Гази Баба.

Loading…

Во објавата, градоначалникот Стефковски напиша:

ЗАПОЧНУВА ИСТОРИСКИ НАЈГОЛЕМАТА АКЦИЈА ЗА АСФАЛТИРАЊЕ НА ЛОКАЛНИ УЛИЦИ ВО ГАЗИ БАБА.

Утрово направив увид на градежните работи за ревитализација на крак од улица Антон Попов во Ченто.

Тетка Јагода која утрово ја сретнав во Ченто ми кажа дека проект од страна на општината во нивното маало се реализира после 60 години.

Со денешниот почеток на градежните работи започнува историски најголемата акција за асфалтирање на локални улици во општина Гази Баба.

Во следниот период ќе се асфалтираат локални улици во Автокоманда, Раштак, Јурумлери, Стајковци, Ченто, Маџари, Хиподром, Хиподром 2 и други населени места.

Инвестициите во патната инфраструктура кои ги реализираме само во оваа година се повеќе од инвестициите реализирани во последните 6 години заедно.

Нема повеќе заборавени населени места, улици и маала. Напредокот и развојот на Гази Баба е видлив и се случува во секое маало!

#РаботноЛето
#ГазиБаба2023 – напиша Стефковски.