Градоначалникот на општина Гази Баба преку статус на Фејсбук пишува дека започнала изградбата на 7 нови спортски игралишта во општината.
-Денес 22.07.2022 година започнаа градежните активности за изградба на седум нови игралишта на територија на општина Гази Баба.
Пет игралишта ќе се изградат со современа тартан подлога, а две со подлога на вештачка трева.
За почетокот на градежните активности, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на која напиша:
Започнаа градежните работи за изградба на пет игралишта со тартан подлога и две игралишта со вештачка трева.
Онака како што најавив пред неколку дена во тек се градежните работи за изградба на седум игралишта.
Пет игралишта се со најсовремена тартан подлога и ќе се изградат во Колонија, Кирил Петрушевски, Гоце Делчев, Триангла и Керамидница.
Две игралишта се со подлога од вештачка трева и ќе се изградат во Стајковци и Страчинци.
Реализацијата на проекти продолжува насекаде низ општина Гази Баба.
Новото време носи и нови проекти! – напиша Стефковски.