Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски на својата официјална Фејсбук страна објави за нов реализиран проект во Керамидница.
Станува збор за второто од вкупно седум нови спортски игралишта кои треба да се изградат на територија на општина Гази Баба од кои пет со тартан подлога и две со подлога на вештачка трева.
Во својата објава, градоначалникот Стефковски напиша:
Ново утро – нов реализиран проект.
Второто спортско игралиште со тартан подлога е во завршна фаза.
Жителите на Керамидница добиваат најсовремено спортско катче за спортување и рекреација.
Продолжуваат градежните работи на терен за изградба на сите седум спортски игралишта.
Ова е новото време за нашата Гази Баба, напиша Стефковски.