Ми причинува големо задоволство што денес на големиот христијански празник Рожденство на Пресвета Богородица ни дојде на гости во манастрирот во Новаци претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Хрситијан Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски. Тоа е чест и за мене и за нашите граѓани, манастирот е место на кое се собираат многу луѓе на овој ден, а покрај тоа ќе можеме да видиме и дел од работите кои општина Новаци ги реалзира на терен.

Во моментов реализираме дел од програмата за асфалтирање на локални улици и патишта која изнесува за годинава околу 8 милиони денари и со оваа програма ширум општината ќе се афлатираме околу 2,5 километри улици и патишта каде е потребно и неопходно.

Ќе одиме на уште една локација на која се работи овој период, тоа е реконструкцијата и рехабилитацијата на фудбалскиот стадион во Новаци. Да се пофалиме дека фудбалскиот клуб од Новаци се натпреварува во Втора лига на Македонија и тоа е голем успех и предизвик за нас, а како резултат на тоа, потребите на Фудбалската федерација беа такви и ние моравме да се прилагодиме на тие услови. Општина Новаци со околу 3,5 милиони денари вложува во фудбалскиот стадион во Новаци го прави да биде стадион каде може да се натпреваруваат сите и од сите рангови на фудбалски натпреварувања во Македонија.

Вчера почнавме со изградба еден детски парк каде ќе има содржини за најмладите, меѓутоа ќе биде и нешто комбинирано за повозрасните генерации. Проект кој ќе чини 2, 2 милиони денари. Тоа накратко се проектите кои ќе ги посетиме како дел од целокупните активности и оваа празнична посета на нашиот претседател.