На веб-страницата на Државната изборна комисија пристигнуваат резултатите од досега обработените избирачки места низ 44 општини каде што се гласаше денеска.

ВМРО-ДПМНЕ засега е во водство во поголемите градови како Битола, Охрид и Гевгелија, а водство имаат нивните кандидати и во Ресен, Кратово, Демир Капија, Демир Хисар, Пехчево…

СДСМ е во водство во Чашка, Зелениково, Дебарца и Чешиново-Облешево.

Тесно е во Куманово каде во вториот круг се гласа за досегашниот градоначалник Максим Димитриевски, кој реши да води независна кандидатура и Оливер Илиевски од неговата партија СДСМ.

Во Град Скопје убедливо води Данела Арсовска.

Сите резултати проследете ги тука.