Посочи дека 12 дена од автобуската несреќа во која загинаа 45 граѓани на Македонија, а власта нема одговори.
-12 дена нема одговор како е можно автобусот на смртта 135 пати да ја мине границата без лиценца за меѓународен транспорт? 12 дена нема одговор дали навистина се менувани документи и автобус за превоз на 49 патници, е претворен во автобус за 54 патници? 12 дена нема одговор како е можно Инспектори да не можат да влезат во една фирма, одговорна за транспортот на смртта? 12 дена нема одговор дали коалицијата СДСМ/ДУИ и останувањето на власт е поважна од животот на граѓаните? 12 дена Македонија нема одговор и 12 дена Македонија повторно очекува одговор од истрага цитирам „не откривме ништо конкретно“ како за модуларната болница во Тетово, нагласи Стоилковски.
Тој додаде дека за неполни 3 месеци 60 граѓани се пеплосани заради криминал и корупција, а одговорност нема.
Коалицијата СДСМ /ДУИ ги обвинува граѓаните. Институциите во Македонија наместо истрага, си ја префрлаат одговорноста. А постои признание од директор на Инспекторатот за транспорт, дека автобусот на смртта не бил регистриран, и дека така вршел меѓународен транспорт и поминувал граница!
Ова е повеќе од срамно, повеќе нечесно за било која власт и држава. Македонија најмалку го заслужува ова. Избори, смена на власт, кредибилна истрага со одговорност за сите криминали и за сите корупции.