– Лажните социјалдемократи, во функција на мафијата на власт си го покажуваат вистинското надмено лице. Вистината е дека нови учебници нема со години, а мафијата на власт сега ги укинува бесплатните учебници! Уште потрагично е што без решение за сегашната ситуација, актуелната со онлајн настава се оние 10% од учениците, односно 25.000 деца сега не следат настава, а по се изгледа вака како што тргнало мафијата на власт го укинува, односно би требало да го укине и законот за задолжително образование! Новата милионерка смета дека тие што немаат – нема потреба ниту да учат, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека на тој начин 25 илајди ученици сега се исклучени од настава поради немање на компјутери, како и дека речиси една третина од нив немаат ниту електирчна енергија во домовите.

– Ама Мила Царовска ја докажува својата неспособност за грижа и сочувство за оние кои што немаат. Мила Царовска не мисли на нив туку ги правда буџетските тендери за нејзиниот партнер во домот, рече Стоилковски.