-Декларацијата во едно јубилејно одбележување на 150 години од раѓањето на Гоце Делчев , Декларација за заштитата на Гоце Делчев и на начинот на кој што би се одбележал овој јубилеј, за пратениците од власта стана бауч за воопшто да присуствуваат или да разговараат по таа тема. Што содржи оваа декларација? Пратениците од власта неотворена Декларација ја оценија веднаш како политичка игра, купување на политички поени или пак за провоцирање во она што значи градење на добрососедство кое што еве јас лично не го разбирам, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во гостување на утринска емисија на Алфа телевизија.
Стоилковски додаде дека прашањето е дали бегањето од една Декларација е поради тоа што стои дека Македонски пошти треба да извади, испечати јубилејни поштенски маркици за 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, или другите зафати за одбележување на јубилејот. Но исто така и наградата „Гоце Делчев“ е прескокната. А, македонската химна се помалку се пее, а повеќе се интонира.
-Прашањето е која е вистинската намера позади тоа што се бега од Декларацијата. На површина Декларацијата за Гоце Делчев ги извади можеби скриените намери и скриените мисли, нагласи Стоилковски.
Стоилковски посочи дека токму власта го омаловажува и понижува ликот и делото на Гоце Делчев поради бегството за да се дискутира за поднесената Декларација.
-Апсолутно сметам дека Гоце Делчев и македонската историја мора да биде столбот врз кој што ќе се потпира македонската и внатрешна и надворешна политичка состојба, дали било добрососедство, дали биле оние столбови врз кое што македонската политичка сцена ќе биде врзана околу еден столб за напредок на Македонија, рече Стоилковски.