Продолжувам со низата пресови посветени на расипничкото однесување на антимакедонската СДС. Не само државниот, туку и локалните буџети кога им се на располагање за ухлебување на миленици. И тоа не е ново, ниту е застанато од расипничката неспособна власт на СДС, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова се документи поднесени уште во јуни до ДКСК од општина Гази Баба, со пресметки за исплатени над 2,5 милиони денари за фиктивни договори само за една година 2020-2021, односно до локалните изборите.

Со потпис на Борис Геогиевски од антимакедонската СДС поранешен градоначалник на Гази Баба, само за ангажирање на четири лица коишто во општината немаат поднесено ниту еден извештај за завршена работа, се дадени над два милиони денари, преку повеќемесечни договори.

Најмногу, над еден милион денари се исплатени на Бојан Кордалов, редовен аналитичар на медиумите за социјални мрежи, како и координатор на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи. Тука е и Љубиша Станковиќ новинар познат како советник во премиерскиот кабинет на СДС истовремено додека беше и новинар на национална телевизија, за една година му се исплатени над 347 илјади денари од општина Гази Баба. Исто толку се исплатени и на Санта Аргирова, уште едно звучно новинарско име, додека на Томислав Живковиќ, режисер, се исплатени околу 278 илјади денари. Вкупно, над два милиони денари општински пари исплатени на новинари, режисер и експерт за социјални мрежи, истакна Стоилковски и додаде:

„Но, ова не е се. Половина милион денари се исплатени и на четири други лица за проект наречен „Убавините на Гази Баба“, документарен серијал. Ним парите им се исплатени, но филм нема, серија нема, ниеден материјал или извештај нема поднесено до општина Гази Баба. Парите им се исплатени иако согласно договорот пари требало да добијат дури откако филмот ќе се реализира.

За сето ова уште во јуни е поднесена официјална претставка до ДКСК, но ете и по три месеци се уште нема одговор од таму. Нема одговор за што биле ангажирани, што сработеле, за што му биле потребни на Борис Георгиевски и на антимакедонската СДС овие лица во изборна година?

Македонија тоне од криза во криза. Но, наместо грижа за граѓаните антимакедонската СДС е посветена да ангажира и вработува, да ухлеби свои миленици, можеби да исплати од буџет поддршка во медиуми во изборни цели.

Се додека институциите се во рацете на антимакедонската неспособна власт, Македонија ќе тоне се подлабоко во кризи. Единствено се посветени на лично богатење и ухлебување на вашиот буџет. Потребни се итни избори за институциите да почнат да работат и да има одговорност!“.